Доколку сакате да видите зашто гледате некоја реклама или сакате да проверите кого таргетира вашиот конкурент со Facebook реклама, тогаш може да искористите следниов совет.

На платената реклама (означена со Sponsored) кликнете на трите точки во десниот горен агол. Ќе се појави паѓачко мени каде ќе ја имате опцијата Why am I seeing this? Кога ќе кликнете на оваа опција ќе добиете информација за интересот по кој е таргетиран и/или демографски информации.
ПРО-совет:
Ако сакате да ги видите рекламите на вашите конкуренти, лајкнете ја нивната ФБ страна и често посетувајте ја нивната веб страна.

