Водење на успешна онлајн продавница во денешни услови е многу тешко за малите компании кои имаат ограничени ресурси. Затоа голем дел од малите компании имаат проблем успешно да водат онлајн продавница бидејќи неможат да се фокусираат на тоа што им е најпрофитабилно и што им носи клиенти.
Денес постојат огромен број начини и платформи кои нудат рекламирање и пронаоѓање на нови клиенти, но сите платформи не се подобни за некои брендови и немаат ист поврат на инвестираното време и средства. Наша работа е да поставиме стратегија за континуиран раст на онлајн продавницата и да ги користиме оние платформи и методи кои носат најголем резултат и поврат на инвестираното време и средства.
Со нашето искуство преку 7 години во e-commerce и работа со врвни брендови ги нудиме следниве услуги:
Нови онлајн продавници:
- Креирање на онлајн продавница, оптимизација на процесите за најголем ефект .
- Како да добиете нови клиенти (Органски и/или со платени реклами).
- На што треба да се фокусирате првите 100 дена за да имате успешна онлајн продавница.
- Кои индикатори МОРА да ги пратите за да знаете дали имате успешна онлајн продавница.
Постоечки онлајн продавници:
- Скенирање и оптимизација на онлајн продавницата – home page, menu, category, product page…
- Скенирање и оптимизација на моменталните процеси.
- Како да ги прочитате информациите од Google Analytics и како тоа ќе ви помогне да ги зголемите нарачките.
- Како до нови клиенти.
Доколку сте заинтересирани за соработка со нас, за бесплатна консултација или за наше мислење како може да ви помогнеме со вашата онлајн продавница, ќе ве замолиме да не контактирате на нашиот контакт телефон или e-mail.