Со константно подобрување на платформата, Facebook нуди се повеќе опции за креирање подобри реклами.
Најновото што го тестиравме а има одличен ефект е Overlay на сликите со што се овозможува додавање на динамички параметри како цена, прецртана цена, процент на попуст и текст – бесплатна испорака. За ова да функционира треба да имате креирано Product Catalog и да користете цел на кампања: Product catalog sales.
Ние креиравме ретаргетинг кампања за Sport.MK и резултатите после 3 дена се : Relevance score:10, CTR – 16.69%, CPM – €0.64, CPC – €0.004.
Сигурно за вакви резултати има заслуга и (ре)таргетирањето но сега со overlays, сликите на производите се доста повпечатливи посебно ако ставите контрастна боја во однос на оригиналната слика.
Дополнителни опции кој може да се променат се:
- форма на позадината (правоаголник, круг или триаголник),
- боја на позадината,
- локација на overlay на сликата,
- моментално има само еден достапен фонт: Dynads Hybrid.
Слични Совети
Како да го намалите влијанието на IOS14+ на Facebook Ads резултатите
Со воведување на рестрикциите за пратење на акциите на корисниците на веб страните, кои започнаа со IOS14.5+ а кои ги прифатија и другите модерни интернет пребарувачи, се намалија можностите за навремено...
Листа на Facebook симболи, знаци и emoticons!
Статистички е докажано дека со вметнување на знаци, смајли, симболи и слично вашиот пост ќе има поголема интеракција и кликнувања.За да ги видите сите симболи и знаци кои ви се достапни може да го...
Како да го откриете таргетирањето на Facebook платена реклама?
Доколку сакате да видите зашто гледате некоја реклама или сакате да проверите кого таргетира вашиот конкурент со Facebook реклама, тогаш може да искористите следниов совет. На платената реклама...