Голем дел од тие што сакаат да научат за Google Analytics, немаат пристап до реален акаунт на компанија и затоа им е тешко кога гледаат или слушаат обуки бидејки неможат веднаш да го применат знаењето на реален акаунт.
Многу од нив и незнаат дека постои Demo Account на Google Analytic кој ги зема информациите од Google Merchant store, каде продаваат работи кои се поврзани со Google. Овој акаунт е реален и целосно функционален и може да се експериментира со него (нормално со некои ограничувања). Ние го користиме кога вршиме обуки за сите ученици да гледаат во исти податоци.
За да го користите демо акаунтот треба да имате или да отворите Google Analytic account и да го импортирате овој демо акаунт во вашиот Google Analytics.
Линкот и објасувањето за користење на овој демо акаунт (на Англиски) имате на следниов линк: https://support.google.com/analytics/answer/6367342?hl=en#access
Слични Совети
Работи кои треба да ги знаете пред да ангажирате Дигитална маркетинг агенција
Агенциите за дигитален маркетинг играат клучна улога во успехот на бизнисите денес. Со зголемувањето на важноста на интернетот и социјалните медиуми во маркетингот, станува суштинско за компаниите да имаат...
Како да го намалите влијанието на IOS14+ на Facebook Ads резултатите
Со воведување на рестрикциите за пратење на акциите на корисниците на веб страните, кои започнаа со IOS14.5+ а кои ги прифатија и другите модерни интернет пребарувачи, се намалија можностите за навремено...
Кои алатки да ги користите за оптимизација на вашата веб страна?
Постојаното оптимизирање на вашата веб страна е клучно за долгорочен напредок и развој на вашиот бизнис. Еден од најважните фактори за да привлечете посетители и да понудите пријатно корисничко искуство е...