Постојаното оптимизирање на вашата веб страна е клучно за долгорочен напредок и развој на вашиот бизнис. Еден од најважните фактори за да привлечете посетители и да понудите пријатно корисничко искуство е вашата способност постојано да ги следите очекувањата на корисниците, и во согласност со нив да креирате нови и подобри верзии од вашата веб страна.
Во најново време, една од работите на коишто Google обраќа најголемо внимание е брзината на вашата веб страна. Ако на една веб страна и е потребно премногу време за да се отвори и да ја прикаже содржината, повеќето корисници ќе ја напуштат уште пред да видат што има на неа. Google ги гледа овие работи, и ако собере информации дека корисниците не се заинтересирани и веднаш ја напуштаат вашата страна, ќе и додели понизок ранг на страната и така потешко ќе ја наоѓаат нови посетители. Поради тоа, важно е да можете редовно да ја проверувате брзината на вашата веб страна и навремено да ги решавате проблемите поврзани со тоа, ако се појават. Некои од алатките кои нудат таков вид на анализа се Google Page Speed, Gtmetrix, Pingdom и др.
Ако анализата покаже дека имате проблеми со брзината на страната, една од причините би можеле да бидат сликите, кои најмногу можат да и “тежат”. Постојат алатки како resmush.it или SmushIt Plugin, кои ги оптимизираат сликите без притоа да го намалат нивниот квалитет.
Друг причинител за проблем со брзината на страната може да биде и самиот код на страната или ‘некеширање’ на страната. При кеширањето на страната, се намалува во голема мерка “тежината“ на страната и затоа таа побрзо се вчитува. Едни од алатките кои ги решаваат проблемите со кодот и кеширањето, без притоа да и наштетат на функционалноста на страната, се Fast Velocity Minify и WP Super Minify за минифицирање на кодот, W3 Total Cache и WP Fastest Cache за чистење ‘кеширани’ податоци. Ние обично го користиме WP Rocket Pro кој се покажа како одличен избор за автоматско оптимизирање на WordPress / WooCommerce страни посебно во комбинација со Redis кој врши Object caching.
Алатките за оптимизација го олеснуваат одржувањето на една веб страна со тоа што автоматизираат многу од задачите кои инаку би требало да ги правите рачно. Најважно е да се вршат редовни анализи и добиените резултати да се употребат за подобрување на вашата веб страна и зголемување на нејзиниот сообраќај.
Слични Совети
Работи кои треба да ги знаете пред да ангажирате Дигитална маркетинг агенција
Агенциите за дигитален маркетинг играат клучна улога во успехот на бизнисите денес. Со зголемувањето на важноста на интернетот и социјалните медиуми во маркетингот, станува суштинско за компаниите да имаат...
Како да го намалите влијанието на IOS14+ на Facebook Ads резултатите
Со воведување на рестрикциите за пратење на акциите на корисниците на веб страните, кои започнаа со IOS14.5+ а кои ги прифатија и другите модерни интернет пребарувачи, се намалија можностите за навремено...
Google Analytics – демо акаунт
Голем дел од тие што сакаат да научат за Google Analytics, немаат пристап до реален акаунт на компанија и затоа им е тешко кога гледаат или слушаат обуки бидејки неможат веднаш да го применат знаењето на...